Македонија

ГМО- иднината на исхраната или закана за здравјето?

15.10.2025 19:12

Во пресрет на Светскиот ден на храната 16 октомври, земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“-Битола, организираше настан чија цел е запознавање со позитивните и негативните влијанија на генетски модифицираната храна која е сè поприсутна на пазарот во светот. Законот за безбедна храна во земјава не дозволува производство на ГМО храна, но сепак дозволено е да се продаваат производи од увоз, кои содржат 0,9 проценти генетски модифицирани организми …

Трендот за производство на генетски модифицирана храна во светот постојано се зголемува. Во Македонија ваков вид на храна може да се најде само од увоз.

ГМО храната има позитивни и негативни влијанија, мислењата се поделени. Сепак останува отворено прашањето, дали ГМО храната ќе ги задоволи потребите и гладта во светот или ќе биде нов предизвик за човештвото

Од земојделското училиште „Кузман Шапкарев“- Битола, чија базична цел е производство на здрава и безбедна храна сметаат дека традиционалното и органско производство се корените на здравата иднина.

Законот за безбедна храна и ГМО кој е во склад со Европската унија е дециден. Во Македонија е забрането производството, но на пазарот можат да се најдат производи во кои има 0,9 проценти застапеност на ГМО.

Александра Максимовска