Коалицијата НАИ ја презентираше визијата и позициите
Адеми, кој ја презентираше визијата и позициите на коалицијата Национална алијанса за интеграција. Тој рече дека оваа политичка сила не е создадена за кампањи, туку за да понуди долгорочна визија и стабилност на државата...

Секој обид да се третираат Албанците како граѓани од втор ред е „удар врз самата држава“. Ова го изјави Арбер Адеми, кој ја презентираше визијата и позициите на коалицијата Национална алијанса за интеграција. Тој рече дека оваа политичка сила не е создадена за кампањи, туку за да понуди долгорочна визија и стабилност на државата.
„Ние не сме партија на зборови, туку на работа. Не бараме моќ заради моќ, туку одговорност“, изјави Адеми.
Една од главните точки во платформата на НАИ е испорачување правда, но и темелна истрагата преку ветинг за имотот на функционерите и политичките партии за изминатите три децении.
„Програмата ја поделивме на два дела развојно политичка за сите жители и програма за конкретни активности за секое населено место посебно. Денеска конкретно ќе ја презентирам развојната програма за Сарај. Таа се состои од 10 точки што се однесуваат од локално стопанство до инфраструктура, образование, култура, екологија и чиста средина како и отвореност и транспарентно владеење. Исто така ќе се посветиме на дијаспората, локалната дипломатија и здравството, еднаквоста и општествена вклученост. Исто така ќе се зафатиме со уредување на природата која е застапена во нашата општина. Новина ќе ни биде грижата за јавната безбедноста и на службите за итни случаи бидејќи сметаме дека спречувањето на природните несреќи и непогоди како и безбедноста при работата се многу значајни сегменти за безбедноста на жителите на Сарај“, изјави Рамадани.
Од НАИ велат дека на овие избори излегуваат со вредности, одговорност и со јасна цел – да ја вратат политиката во служба на државата и на граѓаните.
Борис Грујоски
