Локални избори 2025

Бакиу од ВЛЕН ветува почисто и позелено Скопје

15.10.2025 17:34

Крај на нечистотијата во градот со темелни промени во комунална хигиена, којашто е во пропаст и лошо се менаџира- приоритет уште во првите денови од мојот мандат-ветува Башким Бакиу...

Субвенции за домаќинствата и бизнисите за користење на системи за греење кои не ја загадуваат животната средина. Крај на нечистотијата во градот со темелни промени во комунална хигиена, којашто е во пропаст и лошо се менаџира- приоритет уште во првите денови од мојот мандат-ветува Башким Бакиу, кандидат од ВЛЕН за градоначалник на Град Скопје.

Заедно со граѓаните ќе направиме за секое новороденче да се засади по едно дрво, за заедно да расте зеленилото во градот со семејствата, бидејќи тие се нашиот кислород, рече Бакиу.

Кандидати од ВЛЕН ветуваат чиста општина.

Александра Спировска