Упатството на АВМУ е усогласено со Изборниот законик, пресече Уставниот суд
Неможноста за рекламирање на Левица на овие локални избори е усогласена со Изборниот законик, одлучи Уставниот суд, по иницијативата на политичката партија со која го оспоруваше упатството на Агенцијата за медиуми. Според лидерот на Левица, Апасиев, судот донел одлука дека цензурата врз нив е уставна и законска …

Упатството на Агенцијата за медиуми е усогласено со Изборниот законик, пресече едногласно Уставниот суд и не поведе постапка по иницијативата на Левица. Опозициската партија пред судот се пожали дека е дискриминирана со, како што наведе незаконското упатство со кое тие како партија се изоставени од платеното политичко рекламирање. Претседателот на судот, Костадиновски вели дека Агенцијата и да сакала не можела да донесе поинакво упатство, бидејќи се што е поразлично би значело пречекорување на надлежностите.
На социјалните мрежи се огласи партискиот лидер. Уставниот суд пресуди: цензурата врз Левица е уставна и законска, напиша Апасиев. Левица до Уставен има доставено уште една иницијатива со која го оспорува Изборниот законик, но по ова барање, судот одлука ќе донесе на друга седница.
Анита Димитријевска-Велковска
