Здравство

ДСЗИ: Д-р Игор Кузмановски пет месеци лекувал пациенти со истечена лиценца

15.10.2025 18:31

За него ќе биде изречена парична казна и на лекарот и на институцијата, но и на поранешниот директор Меџити.

Неврологот д-р Игор Кузмановски пет месеци лекувал пациенти со истечена лиценца, констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат по вонредниот инспекциски надзор направен на клиниката.

За него ќе биде изречена парична казна и на лекарот и на институцијата, но и на поранешниот директор Меџити.

И податоците од „Мој термин“ коишто беа побарани по разрешување на директорот Кузмановски, го потврдуваат истото.

Во Лекарската комора треба да се одлучи дали ќе му биде издадена нова лиценца на докторот за кој се појави видео дека меша прашкаста материја и по што веднаш беше разрешен од Министерот за здравство.