Локални избори 2025

„Искуство за успех“: Инфраструктурни проекти и подобри услови во Општина Бутел

15.10.2025 18:43

Носителот на советничката листа Фитим Круези ветува залагање и за средување на имотно-правните односи во општината.

Инфраструктурни проекти во Општина Бутел, подобри услови во основните училишта, нови пешачки патеки и поддршка на микро и мали претпријатија се дел од проектите во програмата на коалицијата „Искуство за успех“.

Носителот на советничката листа Фитим Круези ветува залагање и за средување на имотно-правните односи во општината.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, го претстави архитектонскиот концепт за нови катни гаражи и пензионерски дом.

Наташа Гркова-Петрушевска