Временска прогноза

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

16.10.2025 08:20

Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите низ земјата ќе се движат меѓу 2 и 20, а најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.