ин мемориам

18 години од смртта на нашата поп-икона Тоше Проески

16.10.2025 09:39

Подемот во неговата кариера започнува особено по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во 2004 година е прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ...

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска. Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан.

Подемот во неговата кариера започнува особено по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во 2004 година е прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше.

Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, маратонците треба да пристигнат во Крушево. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија негов заштитен знак е познатиот израз ве сакам сите. Живееше само 26 години, но, остави неизбришлива трага.