Финишира предизборната кампања
Kандидатите за градоначалници и советници од партиите и коалициите кои учествуваат на локалните избори ја финишираат предизборната кампања пред утрешниот молк кој почнува на полноќ.

Kандидатите за градоначалници и советници од партиите и коалициите кои учествуваат на локалните избори ја финишираат предизборната кампања пред утрешниот молк кој почнува на полноќ.
Во трка за доверба на граѓаните ги презентираат предизборните програми, ја претставуваат својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи. Под мотото „се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ под мотото „вистинскиот избор, твојот човек, твоето место, твојата иднина“ денеска ќе биде во Сарај, Чаир, Аеродром и во Гази Баба. Ќе ги претстават кандидатите за градоначалници и советничките листи. Со предизборниот карван продолжуваат и Левица и ЗНАМ, како и Националната алијанса за интеграција и Влен. На терен и независните кандидати.
Гласањето за локалните избори ќе биде на 19-ти октомври.
