Авганистан

Ситуацијата на авганистанско-пакистанската граница останува тензична

16.10.2025 11:29

Клучните гранични премини на авганистанско-пакистанската граница сè уште се затворени...

Ситуацијата на авганистанско-пакистанската граница останува тензична и покрај постигнатото 48 часовно примирје по неколкудневните жестоки судири со десетици жртви. Клучните гранични премини сè уште се затворени.

Прекинот на огнот е постигнат по апелите на Саудиска Арабија и Катар, а и двете страни тврдат дека е резултат на инсистирање на противничката страна.