Венецуела

Трамп дозволи тајни операции на ЦИА во Венецуела

16.10.2025 10:44

Американскиот претседател Трамп дозволи тајни операции на ЦИА во Венецуела и не исклучува ни копнената интервенција...

Американскиот претседател Трамп дозволи тајни операции на ЦИА во Венецуела и не исклучува ни копнената интервенција. Од Каракас со реакција.

„Колку долго ќе продолжат државните удари на ЦИА? Латинска Америка не ги сака, не ѝ се потребни и ги отфрла. Не-за војна, да-за мир. Ве молам, ве молам“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Истовремено венецуелската армија во воена вежба распореди тенкови низ урбаните средини поради тензиите со САД.