Македонија

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ почнува на 19-ти ноември

16.10.2025 10:31

Закажано рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“, на 19-ти ноември во специјалната судница во Идризово …

Главната расправа за предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е закажана за 19-ти ноември во судницата на Казнено-поправната установа „Идризово“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Случајот е распределен на понатамошно постапување кај судијката Диана Груевска Илиевска.

Заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год., а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16-ти март 2025 година, а во трагедијата животот го загубија 63 лица, околу 200 млади беа повредени.