Францускиот премиер Лекорни ја суспендира пензиска реформа
Француската пензиска реформа ќе биде суспендирана до изборите во 2027, а дебатата и гласањето ќе се одржат во ноември...

Француската пензиска реформа ќе биде суспендирана до изборите во 2027, а дебатата и гласањето ќе се одржат во ноември. Целта е враќање на довербата меѓу социјалните партнери.
Реформата предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
„Вистинскиот интерес за суспендирање е да се врати довербата меѓу социјалните партнери. Оваа е можност-или ќе ја искористиме и ќе одлучите, или нема, но ќе мора да преземете целосна одговорност за тоа“, изјави францускиот премиер, Себастијан Лекорну.
Премиерот Лекорну денеска се соочува со два предлога за недоверба од опозицијата. Во меѓувреме, францускиот суд ја потврди забраната за Марин Ле Пен да учествува на избори, отфрлајќи го нејзиниот обид да ја поништи одлуката.
