Евроквалификациски натпревар со Македонија

Шпанија Без Торес, Мата и Пике, можеби и без Диего Коста

29.08.2014 18:14

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Висенте Дел Боске, денеска објави крупни, дури и револуционерни промени во националниот тим на „црвената фурија“, којшто по дебаклот летово на Мундијалот во Бразил, ќе изгледа драстично поинаку во споредба со последните неколку години на доминација во европскиот и во светскиот фудбал.

Долгогодишните репрезентативци Чави, Чаби Алонсо и Виља летово сами се повлекоа од репрезентацијата, а на почетокот на новите квалификации за ЕУРО 2016, на коешто Шпанија очекува да ја брани титулата од самитот во Полска и Украина, Дел Боске пречкрта уште две звучни имиња – Торес и Мата. Ќе го нема и Пике, којшто е повреден, а многу веројатно од истата причина и Диего Коста, иако нему му упати официјален повик.

Сепак, на списокот на шпанскиот селектор за пријателската средба со Франција на 4-ти и за квалификациската со Македонија на 8-ми септември, се наоѓаат имиња коишто влеваат стравопочит. Меѓу 23-цата, само петмина би биле дебитанти: голманот Касиља од Еспањол, десниот бек Карвахал од Реал Мадрид, стоперот Сан Хозе од Атлетик Билбао и напаѓачите Алкасер од Валенсија и Раул Гарсија од Атлетико Мадрид. . Преостанатите се играчи кои често, повремено или поретко биле дел од селекцијата, макар од поширокиот избор: голманите Касиљас и Де Хеа, дефанзивците Рамос, Алба, Хуанфран, Азпиликуета, Албиол и Бартра, средните играчи Иниеста, Бускетс, Фабрегас, Давид Силва, Коке, Казорла, Иско и Итураспе, и напаѓачот Педро.