Барселона славеше во Битола, спектакл во Лигата на шампиони
Најубав момент се случи во 58. минута кога Никола Митревски и Дејан Манасков со ефектна акција го надитрија голманот Емил Нилсен. Манасков беше меѓу најефикасните со осум голови, колку и Хенингман, додека кај Барселона се истакнаа Макуч и Мем со по шест погодоци.

Вистински ракометен спектакл меѓу Еурофарм Пелистер и актуелниот светски клупски првак Барселона, вчеравечер во рамки на петтото коло од Лигата на шампиони. Гостите од Шпанија славеа со 34:30 (17:13), но натпреварот остана запаметен по одличната атмосфера и мајсториите на двата тима.
Најубав момент се случи во 58. минута кога Никола Митревски и Дејан Манасков со ефектна акција го надитрија голманот Емил Нилсен. Манасков беше меѓу најефикасните со осум голови, колку и Хенингман, додека кај Барселона се истакнаа Макуч и Мем со по шест погодоци.
Иако поразот беше очекуван, Пелистер покажа борбеност и рамноправна игра во второто полувреме, што навивачите на „Чкембари“ го наградија со стоечки аплауз.
За битолчани ова беше четврти пораз во групната фаза, а следниот меч го играат на 23 октомври против лидерот Магдебург.
Фото: РК Еурофарм Пелистер
