Гордан Спасовски - најдобар македонски џез музичар за 2025
Како член на Здружението на џез музичари (ЗЏМ), од чиј биг-бенд подоцна се разви Националниот џез оркестар, Спасовски е меѓу музичарите што го обликуваат нашиот звук и визија, велат од оркестарот.

Членот на Националниот џез оркестар, пијанистот, композиторот и аранжерот Гордан Спасовски, ја добива традиционалната награда за Најдобар македонски џез музичар за изминатата година, што ја доделува Скопскиот џез фестивал.
Како член на Здружението на џез музичари (ЗЏМ), од чиј биг-бенд подоцна се разви Националниот џез оркестар, Спасовски е меѓу музичарите што го обликуваат нашиот звук и визија, велат од оркестарот.
Наградата на Спасовски ќе му биде врачена на отворањето на 44 издание на Скопскиот џез фестивал, пред настапот на Националниот џез оркестар со специјалните гости Sigi Feigl и Luis Bonilla.
