Локални избори 2025

Почна дистрибуцијата на доверливиот избирачки материјал од битолската печатница „Киро Дандаро“

16.10.2025 12:09

Под засилено полициско обезбедување и контрола на 17 тимови на ДИК изутрината започна дистрибуцијата на доверливиот избирачки материјал од битолската печатница Киро Дандаро до 80-те општински изборни комисии и избирачката комисија на град Скопје …

Согласно со законските рокови и планот за работа на ДИК изутрината се и примопредавање на доверливиот избирачки материјал за претстојните локални избори. Дистрибуцијата на материјалот се спроведуваше под силно полициско обезбедување и строга контрола на 17 тимови на ДИК.

Добрите познавачи велат дека ова е најобемниот избирачки материјал.

Од битолската печатница велат заштитните мерки кои се употребени се врз основа на тендерската документација на ДИК. Големиот број на кандидати го даде досега и најдолгото избирачко ливче.

До крајот на денов доверливиот избирачки материјал треба да биди доставен до сите општински изборни комисии кои треба да го распределат до избирачките одбори.

Стевче Митревски