Јаховиќ интересен за Крилја Совјетов
Екипата на Крилја Совјетов „фрли око“ на македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ, кој летово од украинска Ворскла го засили нападот на хрватскиот прволигаш Ријека.
Јаховиќ имаше успешен старт со 4 гола на 5 натпревари и во хрватското пренство и во квалификациите за Лига Европа, па финансиски стабилниот руски второлигаш и понуди на Ријека на една година да им го позајми напаѓачот.

Екипата на Крилја Совјетов која лани играше во руската Премиер лига, по осум одиграни рунди во вторлигашката конкуренција е шестопласирана со заостанување зад лидерот Тосно од три бода и само 9 постигнати гола.
Неефикасноста е еден од проблемите со кои се соочуваат екс прволигашите и затоа сакаат да го засилат нападот со Јаховиќ, кој деновиве треба да се реши дали останува во Риека или заминува за Самара.