МВР
Лишен од слобода скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога
16.10.2025 20:06
Вчера во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Х.В.(18) од Скопје...

Вчера во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Х.В.(18) од Скопје, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
