Економски развој на Чаир и вложувања во образованието, ветува Меџити
Чаир ќе стане општина – лидер во искористување на европските фондови во Македонија. Ова го изјави кандидатот за градоначалник, Изет Меџити од коалицијата „Вреди“...

Чаир ќе стане општина – лидер во искористување на европските фондови во Македонија. Ова го изјави кандидатот за градоначалник, Изет Меџити од коалицијата „Вреди“. Тој рече дека се залага за економски развој, за вложувања во образованието и во другите сфери.
Општина Чаир ќе биде место со огромен потенцијал, простор за развој на мали, средни и големи бизниси, велат од „Вреди“.
Од „Вреди“ велат дека програмата „Horizon Europe“ нуди можност за инвестиции, отворање на нови работни места и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните, со што Чаир ќе стане модерна и конкурентна општина.
Борис Грујоски
