Холивуд ќе ја брендира Македонија како туристичка дестинација
Холивудски продуценти, во скопската стара чаршија, започнаа со снимање на краткометражни филмови за македонија. Тие ќе бидат објавени на 5 странски јазици, на светски познатите канали, како што е си-ен-ен, со што македонија ќе биде брендирана како туристичка дестинација.

Холивудски продуценти, во скопската стара чаршија, започнаа со снимање на краткометражни филмови за македонија. Тие ќе бидат објавени на 5 странски јазици, на светски познатите канали, како што е си-ен-ен, со што македонија ќе биде брендирана како туристичка дестинација.
„Ќе бидат снимени 15 кратки филма, бесплатно ќе бидат емитувани и бесплатно ќе бидат направени за Република Македонија. Ние имавме неколку презентации на светските саеми за туризам, имавме неколкукратни средби на кои од нашата презентација увидоа дека Македонија има доволно туристички потенцијал за да биде претставена пред светот“, рече Кристијан Џамбазовски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Зошто да се посети Македонија? Како да се дојде до тука? Се предизвиците на кои ќе работат продуцентите и новинарите од областа на туризмот. Категорични се: локациите во македонија се прекрасни.
„Доаѓаме во Македонија за на уникатен начин да направиме бренд: Секој од вас гледал холивудски филм или шоуо, во кое се идентификувал осо лик или локација и тие имале влијание некаков влијание врз вас. Можеби некаде сте патувале и сте си рекле, тука снимена Казабланка. Тоа е она што ни го правиме, препознавање на брендот преку филм кој ќе се гледа во цел свет“, вели Перси Вон Липински, продуцент.
Деновиве низ Македонија, во сите градби, реки, споменици, тие гледаат само можности.
Ваквата кампања имала позитивни ефекти во регионот, на ред е македонија.
„Целиот процес на брендирање на државата и како туристича дестинација, но и како дестинација за бизнис, за привлекување на инвестиции, кој спаочна во почетокто на 2007 година, ова е само едно надополнување“, вели Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.
Се очекува кампањата да придонесе за креирање на позитивен имиџ на државава во странство.
Лука Андреев
