Локални избори 2025

Завршна конференција на Лабудовиќ од ЗНАМ

16.10.2025 15:53

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија ја финишира кампањата. Кандидатот за градоначалник на центар, Мирослав Лабудовиќ ја претстави програмата и кажа што ќе сработи за граѓаните доколку го изберат да ја води локалната самоуправа во наредните четири години...

Центар е повеќе од општина, тоа е енергија, приказна и начин на живот, вели кандидатот за градоначалник од движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ. Фокусот во неговата програма е ставен на образованието и децата, животната средина, културата, младите и спортот, но и на економски развој, социјална политика, јавен ред и безбедност, сообраќај и урбанизам и инфраструктура.

Програмата предвидува и изградба на катни гаражи и паметен паркинг.

Стојам одговорно и со јасна и прецизна визија за тоа во каква општина сакаме да живееме, вели Лабудовиќ.

Марија Котовска