М-НАВ

Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање

16.10.2025 14:29

Граѓанскиот суд во Скопје го забрана најавениот штрајк на контролорите на летање, информираа од Македонска навигација...

Граѓанскиот суд во Скопје го забрана најавениот штрајк на контролорите на летање, информираа од Македонска навигација.

Судот утврдил дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби, бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните спорови, но и оти штрајкот не произлегувал од конкретни барања од работен однос.

Штрајкот беше најавен за 20 октомври, но, по одлуката на судот нема да се затвори македонското небо.