Локални избори 2025

Две нови современи градинки во Чаир, најави Османи

16.10.2025 16:53

Две нови современи градинки во Чаир, со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование, најави кандидатот за градоначалник од редовите на НАИ, Бујар Османи. Тој рече дека ова е негов приоритет поради долгите листи на чекање за упис. Чаир има недостиг од градинки, со услови што не одговараат ниту на основните потреби на децата во најкритичниот период од нивниот развој, рече Османи.

Решавање на прашањето со проблемите за упис во градинките во Чаир е дел од понудата на кандидатот за градоначалник од Националната алијанса за интеграција. Османи рече дека станува збор за горлив проблем, и поради немањето доволно места и поради лошите услови во претшколските установи.

Османи најави изградба на две нови градинки, модерни, по најсовремени стандарди, но пред сè мултифункционални. Пристапот кон овие проекти беше: го идентификуваме проблемот и нудиме решенија за повеќе намени.

Освен изградба на нови градинки, Османи најави и реконструкција на старите објекти со цел, децата од претшколска возраст да ја добијат потребната грижа и услови за развој.

 

Марина Стојанова-Тонева