Шесто коло, две дерби пресметки

30.08.2014 16:03

Фудбалерите на Работнички и на Шкендија ќе го отворат шестото коло во нашата Прва лига, последно пред паузата поради натпреварот со Шпанија од квалификациите за Европското првенство.

Фудбалерите на Работнички и на Шкендија ќе го отворат шестото коло во нашата Прва лига, последно пред паузата поради натпреварот со Шпанија од квалификациите за Европското првенство.

На арената „Филип втори“, актуелниот првак ќе ја бара втората победа, а тетовскиот тим ќе се обиде да му се израдува на третиот триумф во шампионатот. Преостаната понуда од оваа првенствена рунда е утре и задутре. Двојките се: Металург – Вардар, Силекс – Пелистер, Ренова  - Брегалница и Тетекс – Турново. Терминот за одигрување на овие средби е утре од 17 часот, со исклучок на дуелот во Ѓорче Петров меѓу Тетекс и Турново којшто е закажан за понеделник.

Македонската телевизија ќе врши два преноса, денеска од натпреварот Работнички – Шкендија, а утре од дербито меѓу Металург и Вардар.