Крушево

Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше

16.10.2025 17:55

Маратонците, како симбол на животната енергија и филозофија на Тоше, стигнаа во Крушево. Навршија 18 години од загинувањето на македонската и балканска музичка ѕвезда во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка...

Осумнаесет години без Тоше, но со многу тага, болка и уште повеќе сеќавања за врвниот музичар, големиот хуманитарец, човекот со срце за секого.

Со 500 рози крушевчани ги пречекаа 12 ултрамаратонци кои и ова година трчаа од Нова Градишка, Хрватска, каде во сообраќајка Тоше го загуби животот, до Крушево, до неговото вечно почивалиште на Гумење.

Почит за Тоше и од бројните поддржувачи од балканските и другите земји, пораки и од крушевчани.

Со учесници од повеќе земји во Крушево и во Битола се одржува фестивал со песните на Тоше.

Елизабета Митреска