Временска прогноза
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
17.10.2025 08:05
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 20 l/m2...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 20 l/m2. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
