Локални избори 2025

Последен ден од предизборната кампања

17.10.2025 08:15

Партиите, коалициите и независните го трчаат последниот круг со претставувањето на својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи. Вечер на полноќ почнува изборниот молк...

Последен ден од предизборната кампања. Партиите, коалициите и независните го трчаат последниот круг со претставувањето на својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи. Вечер на полноќ почнува изборниот молк. Ќе трае до недела до 19 часот, кога се затвораат гласачките места.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата под мотото „вистинскиот избор, твојот човек, твоето место, твојата иднина“, завршниот митинг ќе го одржи во Охрид.

СДСМ и коалицијата под мотото „Се бориме за нашиот дом“ ќе одржи собири во Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце, Крива Паланка и Куманово. Со предизборните карвани, трибини и прес-конференции продолжуваат и Левица и Знам, но и партиите од албанскиот блок. На терен и независните кандидати за градоначалници и за советници.