Блиски Исток

Трамп упати закани кон Хамас

17.10.2025 08:56

Предупредувањето од Трамп следува по насилството на територијата на Газа и покрај примирјето кое стапи изминатата недела...

Американскиот претседател потврди дека нема да испрати американски трупи во Газа. Изјавата следува откако му се закани на Хамас со смрт доколку не запре крвопролевањето.

„Направивме договор. Сега ќе видиме што ќе се случува. Тие се обврзаа и се надевам дека ќе го почитуваат договореното. Вратија посмртни останки, но тешка е ситуацијата. Ако не се однесуваат добро, ќе мора да се погрижиме за тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Предупредувањето од Трамп следува по насилството на територијата на Газа и покрај примирјето кое стапи изминатата недела.