Металург со Мојсоски стартува против Татран
Македонскиот ракометен шампион, Металург ја отвора сезоната дома со меч од Сеха лигата против екипата на Татран.
На првиот двобој од четирите фронта противник е словачкиот првак кој е должник од претходната сезона во оваа конкуренција.
Словаците кои беа првопласирани по основниот дел, но беа четврти на завршниот турнир, два пати го совладаа Металург и намалија на 3-2 во меѓусебните дуели.
Но, во арената „Борис Трајковски“, вечерва металурзите ќе бидат посилни за Наумче Мојсоски кој по повредата се враќа во составот и е подготвен за новите предизвици.

Влијателниот бек на нашиот првак и на репрезентацијата повторно ќе биде силен адут на Лино Червар, и во оваа лига во која хрватскиот стратег планира дел од искусните да ги подржат и да ги разиграат младите сили во клубот.
Ваквите натпревари се многу корисни за тоа и драгоцени на патот до остварување на повисоките цели во Лигата на шампионите и домашното првенство и купот.
Затоа Металург и во овој дуел влегува максимално и на победа против силен ривал кој во своите редови го има двометрашот Даинис Кристопанс, најдобриот стрелец во регионалната лига минатата сезона.
Металург го освои струшкиот турнир, сака победнички старт во сезоната, Татран триумфираше во Добој, и е поблиску до посакуваната форма пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите идниот викенд.
Доволно поводи да го бодрите нашиот првак и да бидете во арената „Борис Трајковски“ или со МТВ 1 од 20.15 часот.