Денеска средба Трамп-Зеленски во Белата куќа
Трамп договори нова средба со Путин на која главна тема е завршување на војната во Украина...

Трамп договори нова средба со Путин на која главна тема е завршување на војната во Украина. Состанокот ќе се одржи во Будимпешта. Кремљ потврди, но датумот засега не е утврден. Украинскиот претседател Зеленски пак, пристигна во САД. Закажана е средба со Трамп, на која ќе се разговара за можноста САД да испратат ракети „Томахавк“ кои Украина би ги користела на бојното поле.
„Томахоковите“, дури и ако не се одлучувачки за Украина, ќе испратат важен сигнал. Тие ја демонстрираат посветеноста на Соединетите Американски Држави да ја поддржат Украина и демократијата во оваа ужасна борба против автократска, реваншистичка нова империја. Секогаш е важно да се преговара и да се разговара“, изјави Марија Снеговаја, Центар за стратешки и меѓународни студии, виш соработник за Русија и Евроазија.
Претходно, во телефонски разговор Путин му рекол на Трамп дека испораката на вакви проектили ќе ги наруши мировниот процес и американско-руските односи.
