Велика Британија

Лондон: Г7 треба да бидат помалку увозно зависни

17.10.2025 11:41

Министерство за финансии сметаат дека земјите од Г7 треба да бидат помалку зависни од увоз од странство...

Од британското Министерство за финансии сметаат дека земјите од Г7 треба да бидат помалку зависни од увоз од странство.

„Една од работите што ги дискутираме оваа недела како Г7 е како можеме да ја подобриме отпорноста и безбедноста на нашите земји кои ги делат вредностите меѓусебно, за да бидеме помалку зависни од увоз од странство, особено кога ќе ги видите ограничувањата што Kина сега ги воведува на дел од својот извоз“, изјави Рејчел Ривс, министер за финансии на Велика Британија.