Ниту Ди Марија не му помогна на Манчестер

30.08.2014 16:07

Трет натпревар во новата сезона во англискиот фудбалски шампионат, а Манчестер јунајтед повторно не победи. „Црвените ѓаволи“ одиграа нерешено 0-0 на гостувањето кај Барнли. Тимот од „Олд трафорд“ има два бода досега, само еден повеќе од денешниот ривал, а ниту присуството на најновото засилување Анхел Ди Марија не беше доволно за Манчестер да се израдува на првата победа сезонава. Аргентинецот играше до 70-тата минута и имаше солидно деби во новиот дрес.

Менаџерот на јунајтед, Луј Ван Гал, почна со Де Геа на голот, одбранбената тројка ја сочинуваа Еванс, Џонс и Блекет, пред нив беше поставен Флечер како последен играч за врска, Валенсија, Мата, Ди Марија и Јанг се наоѓаа во средниот ред, а Руни и Ван Перси истрчаа во напаѓачката двојка.