ТАВ Македонија

На двата аеродрома бројот на патници зголемен за 6%, бројот на летови за 3%

17.10.2025 15:24

Од јануари до септември, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужиле 2,6 милиони патници и 20.141 летови...

Од јануари до септември, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужиле 2,6 милиони патници и 20.141 летови.

Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од 6% во однос на истиот период, минатата година. Бројот на летови пак, во истиот временски период е зголемен за 3% односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември.

Според статистиката на ТАВ Македонија, само во септември двата македонски аеродроми опслужиле 329.523 патници, што е 8% повеќе споредено со истиот период минатата година, а биле реализирани 2.422 летови што е за 1% повеќе од лани. Стабилниот пораст во првите 9 месеци го докажува и дневниот пресек на патници.

Скопскиот аеродром дневно во просек опслужувал 8,687 патници што е за 5,7% повеќе од лани, а преку охридскиот, дневно патувале 767 патници што е за 16.3% повеќе споредено со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродроми за периодот од јануари до септември покажуваат дека преку Меѓународниот Аеродром Скопје патувале 2.375.264 што е за 5,4% повеќе од лани, а додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 16,2% со услужени 209.832 патници.

Истанбул повторно е најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,9% пазарен удел.

Потоа следуваат Базел Милуз (6,1%), Франкфурт (5,7%), Цирих (4,6%), Виена (4,2%), Минхен – Меминген (4,1%) и Дортмунд (4,1%).

Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Турција (25,1% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Германија (24,7%), Швајцарија (10,9%), Италија (5,2%) и Австрија (4,4%).