Романија

Експлозија во зграда во Букурешт, има загинати и повредени

17.10.2025 14:27

Експлозија во осумкатна станбена зграда Букурешт, предизвика уривање, при што загинаа две лица, а 12 се повредени...

Експлозија во осумкатна станбена зграда Букурешт, предизвика уривање, при што загинаа две лица, а 12 се повредени. Од детонацијата оштетени и прозорците на блиското средно училиште.

Се истражуваат причините. Властите велат дека експлозијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас, а протоколот за итни случаи „Црвен план“ бил активиран.