Свет

Насилни протести во Перу, едно лице е убиено

17.10.2025 20:46

Најмалку едно лице е убиено, а десетици полицајци се повредени во протестите што синоќа избувнаа во Перу. Демонстрациите се насочени кон претседателот Хозе Хари, кој ја презеде функцијата пред само неколку дена...

Најмалку едно лице е убиено, а десетици полицајци се повредени во протестите што синоќа избувнаа во Перу. Демонстрациите се насочени кон претседателот Хозе Хари, кој ја презеде функцијата пред само неколку дена.

Прогласена е вонредна состојба во главниот град Лима. Протестот на кој повикаа младите во Перу од т.н. „генерација зед“, транспортните работници и граѓански организации, е најновиот во серијата демонстрации против корупцијата и растечкиот криминал.