6800 нови работни места отворија мерките за вработување на Владата
Министерот Спасов кој ги презентираше резултатите за изминатите 8 месеци рече дека од јануари до август голем број невработени лица ги искористиле повлностите за да отворат сопствен бизнис или да одат на обука...

6800 работни места отворија програмите и мерките за вработување. Најголем дел од граѓаните добиле работно место преку мерките од оперативниот план и мерката за вработување на млади. Министерот Спасов кој ги презентираше резултатите за изминатите 8 месеци рече дека од јануари до август голем број невработени лица ги искористиле повлностите за да отворат сопствен бизнис или да одат на обука.
„Само во првите осум месеци од 2014 –та година имаме над 2700 вработувања повеќе од вкупниот број на вработувањА преку активните мерки во цела 2013 година односно зголемување на ново отворените работни места за 65 насто во споредба со минатата година“, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Набрзо нови работни места се очекува да се отворат откако ќе се потпише договорот со ИПА пограмата, за втор грант од 2 милиони евра. Сите невработени граѓани кои пак сакаат да добијат нови ај ти вештини може да аплицираат на огласот до 5 септември.
Министерот Спасов најави дека од октомври ќе се подобрува системот за информирање преку веб сајтот на агенцијата за вработување. Апелираше до сите невработени и приватните компании да земат учество во овој проект.
Викторија Тодоровска
