Општина Чаир ќе биде пример за иднината, порача Меџити
Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“ Изет Меџити, побара поддршка за нов мандат за да се довршат почнатите и нови проекти кои ќе ја претворат општината во модел на развој, благосостојба и заедничко живеење. Најави нови улици, училишта, градинки, канализација, безбедни тротоари, паркинзи за секој стан, лифтови, осветлување, нов парк, спортска сала, базени...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од „Вреди“, Изет Меџити побара граѓаните да му ја дадат довербата за изградба на модерна општина со решени инфраструктурни проблеми, нови училишта и градинки, и современо образование.
Меџити најави општина во која, лицата со посебни потреби ќе имаат пристоен живот, а жените ќе добијат поттик да отворат сопствени бизниси.
Кандидатот за градоначалник на Чаир вети обнова на старата чаршија, нова спортска сала, базени, парк и кампус за универзитетот „Мајка Тереза“.
Ирина Гелевска
