Локални избори 2025

Време е да се случат промени, да дојдат нови луѓе, велат од „Левица“

17.10.2025 17:47

Нашите активисти се постојано на улиците за да им ја објаснат програмата на граѓаните и да побараат поддршка, рекоа од „Левица“. Партијата задоволна од кампањата...

Нашите активисти се постојано на улиците за да им ја објаснат програмата на граѓаните и да побараат поддршка, рекоа од „Левица“.

Партијата задоволна од кампањата. Кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ рече дека главниот град се буди под пулсот на политиката која има за цел јавниот интерес да го стави пред приватните интереси.

„Време е да се случат промени, да дојдат нови луѓе што се чесни и зад себе немаат криминално минато. Народот е незадоволен од партиите што 35 години работат корупциски и во личен интерес“, рекоа од „Левица“.

Нашите советници ќе бидат гласот на граѓаните, велат од „Левица“.

„Левица“ ги повика граѓаните в недела со пенкало в рака да направат револуција.

 

Александра Спировска