Османи ја побара довербата од сограѓаните
Ова е референдум за Чаир за промени во општината каде 20 години владеат исти луѓе што не направиле ништо за жителите, туку ги затрупале во ѓубре. И наместо чист дишат загаден воздух, живеат меѓу дивоградби и урбан хаос и лоша инфраструктура, рече на прес-конференција кандидатот на Националната алијанса за интеграција за градоначалник на оваа општина, Бујар Османи.

Ова е референдум за Чаир, за промени во општината каде 20 години владеат исти луѓе што не направиле ништо за жителите, туку ги затрупале во ѓубре, и наместо чист дишат загаден воздух, живеат меѓу дивоградби, урбан хаос и лоша инфраструктура, рече на прес-конференција кандидатот на НАИ за градоначалник на оваа општина, Бујар Османи.
Тој ја побара довербата од сограѓаните за да ја направи општината најдобро место за развој и раст на генерациите што доаѓаат.
Османи ги повика неговите сограѓани на 19-ти октомври да изберат напредок, одговорност и проевропски вредности во живеењето така што ќе гласаат за него не како политичар, туку како човек доктор, и хуман човек.
Фиљана Кока
