Љутков: Мерко незаконски издал одобрение за градба
Мерко незаконски издал одобрение за градба, а по уривањето на старата струшка куќа истото го поништил. Пред Управата за заштита на културното наследство бил доставен друг проект. Бараат одговорност, на сите инволвирани во случајот каде покрај бесправно градење, има и уништување на недвижен имот прогласен за културно наследство за што во кривичниот законик е предвидена казна затворот 3 до 10 години...

Градоначалникот на Струга незаконски издал одобрение на градба, кое веднаш по уривањето на Спомен куќата на Владо Малески, самиот го поништил. Ова го соопшти министерот Љутков, при денешниот увид на терен. Според него. проектот за кој позитивно мислење издала Управата за заштита на културното наследство бил приземје и еден кат, а општината издала одобрение за објект со дополнителни подрумски простории.
Копајќи ги подрумите, со багер градежникот ги поткопал темелите на старата струшка куќа и предизвикал уривање на ѕидот и покривот.
„Најодговорно тврдам, а и со мене се експерти и луѓе кои можат да го потврдат дека сите дозволи за оваа куќа и за рушење на тој објект, се издадени во последните 7 години, кога овде на власт социјал-демократскиот сојуз и ДУИ“, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Заменик министерот за правда повика на одговорност, на сите инволвирани во случајот каде покрај бесправно градење, има и уништување на недвижен имот прогласен за културно наследство за што е предвидена казна затворот 3 до 10 години.
„Во решението за поништување на одобрението за градење, има констатирано дека решението којшто о издал во месец, колку што се сеќавам, ноември 24-та година, е издадено спротивно на закон и спротивно на проектите коишто се доставени до органите за култура врз основа на кои требало да се издаде тоа одобрение“, вели заменик министерот за правда, Ален Деребан.
Министерот најави итна изработка на проект за реконструкција и обнова на Спомен куќата на Владо Малески, која се смета за ремек-дело на старата струшка архитектура од 19-ти век.
Соња Рилковска
