Последен ден кампања, на полноќ почнува изборниот молк
Последен ден кампања на кандидатите за градоначалници и советници од владејачките партии, кои учествуваат на локалните избори...

Последен ден кампања на кандидатите за градоначалници и советници од владејачките партии, кои учествуваат на локалните избори.
Во финишот, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во Охрид, каде се претставува Кирил Пецаков кој бара нов мандат од граѓаните.
Претходно, карванот беше во скопските општини. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на масовна излезност и рече дека не смее да се дозволи, гласот за промени да заврши кај тие, кои според него, ја уништиле Македонија. Мицкоски ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор и да ги поддржат кандидатите со кои заедно ќе ја градат иднината – луѓето кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски, четири години работеа дисциплинирано, чесно, без ниту еден скандал и злоупотреба на службена положба.
Кампањата ја финишира и движењето „ЗНАМ“ – За наша Македонија, кое има двајца кандидати за градоначалници, во Центар и Куманово. Вечерва во Куманово, митинг одржа кандидатот Максим Димитриевски.
„Вреди“ вечерва својот завршен митинг во има во Куманово – оттаму велат дека нудат проекти и програми за развој и модернизација на општините.
На локалните учествува и Демократската партија на Србите со советничка листа во Куманово.
