Лабудовиќ повика на масовна излезност за промени во Центар
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со завршни активности пред молкот. Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ повика на масовна излезност за промени во општината, ветувајќи посветеност, план и резултати. „Нашата програма е за Центар што е почист, поуреден, позелен и похуман“, рече Лабудовиќ. Носителката на листата во Куманово, пак, рече дека воделе кампања со визија, проекти и со дела, и ветувале конкретни решенија што може да се реализираат …

„Ова не е повик за избори, ова е повик за промена, надеж и иднина што ќе ги создадеме заедно. Центар не е само општина – тоа е нашето срце“, рече Мирослав Лабудовиќ кандидат за градоначалник на Општина Центар од движењето ЗНАМ. Додаде дека програмата е создадена со една јасна мисла, Центар да биде почист, поуреден, позелен и похуман.
„Ова не е само моја визија-ова е наша заедничка задача“-вели Лабудовиќ.
„Она што го имаме сработено досега е нашиот најголем капитал, а тоа е показател дека ние исполнуваме. Не ветуваме невозможни работи, туку конкретни решенија кои веќе се реализираат или се подготвени да почнат“, рече Ивана Ѓорѓиевска носителка на листа во Куманово.
Ѓорѓиевска рече дека оваа кампања ја воделе чесно, транспарентно и достоинствено со проекти, со визија и со дела кои зборуваат наместо нив.
Ана Јосифоска
