Кривичен суд

Одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

17.10.2025 15:33

Како што соопштуваат од судот, обвинението против едно лице било доставено на 4-ти септември и станува збор за сопственикот на фирмата за обезбедување Рубикон.

Кривичниот суд го одобри и вториот обвинителен акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“. Како што соопштуваат од судот, обвинението против едно лице било доставено на 4-ти септември и станува збор за сопственикот на фирмата за обезбедување Рубикон.

Обвинетиот се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот.

Од Кривичен велат дека предметот е распореден кај судијката Биљана Смаќовска за понатамошно постапување.