Локални избори 2025

Конкретни решенија за конкретни проблеми, ветува Трајановски од „Искуство за успех“

17.10.2025 18:09

Коалицијата „Искуство за успех“ со завршни активности пред изборниот молк. Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски оцени дека имал успешна кампања, во која ја претставил визијата за модерно и современо Скопје, кое ќе прерасне во европска метропола …

Конкретни решенија за конкретни проблеми, а не бајки како што вели, ветува кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ Александар Трајановски. Се надева на втор круг, бидејќи смета дека ќе ги обедини сите гласачи.

Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски ветува субвенции за автомобили на електричен погон.

Велат потребни се нови идеи за модерно Скопје, кое ќе напредува.

Александра Велинова