Општините да се грижат за средновековните тврдини на своите територии
Општините да не чекаат само од државата туку и тие да водат грижа за средновековните тврдини кои се на своите територии. Вака кажа универзитетскиот професор Виктор Лилчиќ Адамс кој во Струмица ја промовираше монографијата „Средновековните тврдини во Југоистокот“ на археологот Душко Цветановски...

Општините да се обидат да изнајдат средства за истражувања, реконструкција и заштита на средновековните тврдини а не само државата. Вака смета универзитетскиот професор Виктор Лилчиќ Адамс според кого археолошките локалитет треба да бидат општински фаворит за локалниот туризам. Како што кажа локалните самоуправа за ваквите локалитети мора да аплицираат со проекти пред домашни и странски фондови
Професорот Лилчиќ Адамс ја промовираше монографијата средновековни тврдини во Југоистокот на археологот од Струмица Душко Цветанов. Во книгата поместени се околу 20-тина тврдини што ги има во општините од овој дел од државата кои најголем дел не се истражени
Струмичани имаа можност и преку фото панели да се информираат за сите средновековни тврдини во Југоистокот и нивната улога и значење низ историјата на македонскиот народ.
Ване Трајков
