Локални избори 2025
На полноќ почна изборниот молк, утре се гласа
18.10.2025 10:09
На 8-те по ред локални избори, во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи...

На полноќ почна изборниот молк, утре се гласа. На 8-те по ред локални избори, во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Ќе се гласа на 3 илјади 480 избирачки места во 80 општини и градот Скопје. Во 132 избирачки места се регистрирани помалку од десет избирачи.
Своето право ќе може да го остварат во најблиското место за гласање. Во избирачкиот список се запишани милион 832 илјади 415 избирачи. Право на глас имаат и 112 илјади избирачи кои се на привремена работа или престој во странство.
Локалните избори ќе ги следат над илјада и 300 домашни и странски набљудувачи. Од странските, најмногу има ОБСЕ-ОДИХР.
