Локални избори 2025

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните

18.10.2025 10:32

Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни. Со право на глас се и 2 илјади 162-ца затвореници...

Први денеска гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови, затвореници и лицата во притвор.

Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни, што е повеќе од локалните избори во 2021-та година.

Со право на глас се и 2 илјади 162-ца затвореници. Најголем број, 938 се во затворот Идризово, во истражниот затвор во шутка-391, во Штип 237, Прилеп 119, Куманово 116, во битолско 105 и во Тетово 62-ца.

За гласање пријавени се и 450 избирачи од домовите за стари лица.