Сонг во Вест Хем

30.08.2014 16:33

Раководството на Барселона реши да го отстапи Алекс Сонг на Вест Хем. Камерунецот ќе игра на „Аптон парк“ до крајот на сезоната, во лигата во којашто се изгради како фудбалер во дресот на Арсенал. Сонг премина во каталонскиот тим во 2012-та, но не се избори за место меѓу оние што редовно конкурираат за настап. За две сезони на „Ноу камп“ одигра 65 натпревари, но поголемиот дел од нив како резервист. И новиот тренер на Браса, Луис Енрике, не сметаше на него, па клубот се одлучи да го прати кај „чеканите“.

Покрај во Арсенал, Сонг во Англија настапуваше и за Чарлтон, а претходно мина две години во Бастија во француското првенство. За камерунската репрезентација има 47 настапи без ниту еден гол.