БЛИСКИ ИСТОК
Хамас го предаде телото на уште еден заложник
18.10.2025 11:06
Хамас на Црвениот Крст му предаде останки на уште еден заложник. Израелските власти досега примија девет од вкупно 28 тела на заложници...

Хамас на Црвениот Крст му предаде останки на уште еден заложник. Израелските власти досега примија девет од вкупно 28 тела на заложници. Од Хамас тврдат дека процесот е забавен поради „технички потешкотии“ и недостиг на тешка механизација потребна за ископување на телата од урнатините.
Според Тел Авив пак, времето за исполнување на обврските истекува. Хамас ги повика посредниците, Египет, Катар и Турција да помогнат во продолжување на спроведувањето на договорените чекори, повторно отворање на граничните премини, доставата на хуманитарна помош и целосното повлекување на израелските сили од Газа.
